Божествена литургија во храмот „Свeти Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

На 09. 07. 2017 година, во 5 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на преподобен Давид, празникот на Тихвинската икона и на иконата Одигитрија, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Денес се приклучи нов член во црковниот хор – Никола Србиновски. Голема благодарност до него.

Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 09. 07. 2017 година, во 5 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на преподобен Давид, празникот на Тихвинската икона и на иконата Одигитрија, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 09. 07. 2017 година, во 5 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на преподобен Давед, празникот на Тихвинската икона и на иконата Одигитрија, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

До кога ќе се оправдуваме и вината ќе ја бараме во другиот? – Игумен Гаврил

Човештвото одамна отпаднало од височината на своето предназначение. Но зошто сега не напредува? Гревот е најголемата причина. Сме се навикнале на него, така да ни станал втора човечка природа. Но самооправдувањето е уште еден проблем зошто сеуште тапкаме во место и припаѓаме како во жива кал. Ако гревот ни станал природа, зошто тогаш и признавањето на гревот не ја прифатиме како природна состојба. За добрите дела што ќе ги направиме, …

Божествена литургија во манастирот „Свeти Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 08. 07. 2017 година, кога го празнуваме споменот на преподобната маченичка Февронија и на преподобниот Дионисиј, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Денот беше целосно посветен на нашата младина за нивен духовен напредок.