Архиепископско послание за Рождество Христово – 2017/2018

† СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Христос се раѓа, славете Го; Христос доаѓа од небесата, пресретнете Го; Христос е на земјата, вознесете се! 1 Возљубени празникољупци, Денес не само што си спомнуваме за едно раѓање од пред …
Нов парохиски свештеник во Црковната општина „Свети Никола “ во Кабрамата, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

Со благослов на надлежниот архиереј на Австралиско – сиднејската епархија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, во мисија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на Австралиско тло, односно во Австралиско – сиднејската епархија пристигна новиот свештеник, презвитерот Игор Младеновски, кој од Куманово доаѓа на позицијата парох при Македонската православна црковна општина „Свети Никола“ во Кабрамата „Saint Nicholas“ – Macedonian Orthodox Church – …
Торжествена прослава на споменот на светиот маченик Игнатиј Богоносец и на преподобниот Јован Кронштадски во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 02. 01. 2018, кога Светата Црква го празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец; Свети Данило, архиепископ Српски; Свети праведен Јован Кронштатски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. Верниот народ ја имаше несекојдневната можност да се поклони на светите нетлени мошти од свети Игнатиј Богоносец, кои ги испрати сестра Илијана (Илкова), игуманија на Марковиот манастир од Македонија, за добриот …
Света Божествена Литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 31. 12. 2017, во неделата пред Рождеството на Господ Исус Христос (на светите Отци), кога Светата Црква го празнува светиот маченик Севастијан и др, св. Модест Ерусалимски,, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот, презвитерот Владо Недески, служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, Мелбурн (Викторија)

На 31. 12. 2017, во неделата пред Рождеството на Господ Исус Христос (на светите Отци), кога Светата Црква го празнува светиот маченик Севастијан и др, св. Модест Ерусалимски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија. На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.