Кратко житие на свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски (31. 01)

Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше …

Кратко житие на преподобен Антониј Велики (30. 01)

Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето …

Преподобен Гаврил Лесновски (28. 01)

Свети Гаврил Лесновски се родил во местото Осечко Поле кај Крива Паланка. Неговите родители биле имотни луѓе и биле блиски до царските советници. Тие долго време немале деца, но по нивните молитви милостивиот Бог ги дарувал со машко чедо. Детето добило соодветно образование и брзо напредувало во православната вера ин е се одделувало од Светото Писмо. Кога дошло време да се жени, родителите му нашле девојка од царски род, но …

Митарот/The tax collector

Забележуваме неколку восогласени видa покајно однесување кај митарот: „стоеше оддалеку“, „ни очите да ги подигне“, „се удираше в гради“ и „велеше: ’Боже, биди милостив кон мене, грешниот!‘“ (види: Лука 18, 10–14). Што мислите, која од овие силни и заемно поврзани пројави на покајание најмногу ја открива неговата духовна состојба? Аскетскиот плач по Бог, поинаку речено, големиот напор да се принуди себеси на плач, односно удирањето в гради. Тоа е истиот …

Во што не помага Бог?

Кај евангелистот Лука има една епизода што зафаќа само два стиха, иако според својата содржина е исклучително важна за разбирањето на многуте ситуации во нашиот живот. Тоа е глава 12. Еден од слушателите Му се обраќа на Христос со молба: „Учителе,  кажи му на мојот брат да го подели со мене наследството!“ (Лука 12,13). За човека во тоа време било сосема природно да му се обрати на почитуваниот Учител за …