Светиот свештеномаченик Харалампиј (23. 02)

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, но слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, …

Светата тајна Eвхаристија (Причест) – свештеник Павле Гумеров

Оваа света тајна, поради својата неизмерна важност ја сочинува суштината на најглавното христијанско црковно богослужење, светата Литургија   Светата тајна причестување или Евхаристија е всушност света Литургија која се врши во Црквата како тајна на Христос и на Неговата Црква. На светата Литургија има причестување. Причестувањето е света тајна во која христијанинот во вид на леб и вино го прима самото тело и крв на Господа Исуса Христа, се соединува …

Литургија на претходноосветени дарови – Архимандрит Гаврил (Галев)

Литургијата од една страна e реална животна средина, а од друга страна, извор од кој ние се храниме со непропадлива храна. И заради тоа нас ни е потребно да живееме во таа атмосфера и да се храниме со таа храна. Затоа и Господ пред да биде распнат, пред да умре на Крстот, да воскресне и се вознесе, ни ја покажа и ни ја даде таа вистинска храна – Телото и …

Простување – Митрополит г. Наум / Forgiveness – Metropolitan Nahum of Strumica

Да не должиме многу, работите се многу едноставни: оној што им простува на сите што му згрешиле, па дури и на своите најцрни непријатели, има Божја благодат во себе; а оној што нема да му прости и само на еден човек, па бил тоа и најцрниот непријател, има демон во себе. Простувањето е сведоштво за присуството на благодатта Божја, а непростувањето е сведоштво за заробеноста од демонот. Речиси истото важи …

Великопосна молитва на свети Ефрем Сирин

Црковно Словенски   Господи и владико животѹ моемѹ, духъ оунынїѧ, небре жεнїѧ, срεбролюбїѧ и празднословїѧ ѿжεни ѿ мεнε. Духъ же цѣломѹдрїѧ, смиренїѧ, терпѣнїѧ и любве дарѹй ми рабѹ твоемѹ. Ей Господи Царю, даждь ми зрѣти моѧ согрѣшенїѧ, и еже не ωсуждати брата моегω, якω благословенъ еси во вѣки. Аминь   Македонски   Господи и Владико на мојот живот, не ми давај дух на мрзливост, униние, властољубие и празнословие. Но мене, …