ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ПЕТОЛЕБИЕТО

Петолебието е кратка служба на благодарност, преку која ја изразуваме нашата благодарност кон Бога за сите благослови во животот. Маслото, виното, пченицата и лебовите што се употребуваат во службата ги претставуваат најосновните елементи неопходни за живот. Ова благословување не потсетува на чудото на умножување на петте леба и двете риби од страна на Господа Исуса Христа, со кои нахранил пет илиади луѓе во пустината јорданска. Ова благословување обично се извршува …

Тајната на Крстот Христов  – Митрополит Наум / THE MYSTERY OF THE CROSS OF CHRIST – Metropolitan Naum of Strumica

„Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека врви по Мене! Оти кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, тој ќе ја спаси“ (види: Матеј 16, 24–25; Лука 9, 23–24; Марко 8, 34–35). Светите апостоли Матеј, Марко и Лука во Светото Евангелие речиси идентично ги имаат запишано …

КАКОВ Е НАШИОТ КРСТ ВО ЖИВОТОТ

Во средината на Великиот пост светата Црква нè повикува на поклонување на чесниот крст Господов.  Постот е време за духовни подвизи, за самоиспитување, за покајание и за духовен живот. „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене“ (Мк. 8:34). Така им рекол Христос на Своите ученици и на народот кој бил собран околу Него. Спасителот никого …

СВЕТИТЕ ЧЕТИРИЕСЕТ МАЧЕНИЦИ ВО СЕВАСТИЈА (МЛАДЕНЦИ) – 22. 03

Сите овие беа војници во римската војска, но тврдо веруваа во Господ Исус. Кога настана гонење во времето на Ликиниј, ги изведоа на суд пред војводата, а тој им се закани дека ќе им ја одземе војничката чест. На ова еден од нив, Свети Кандид, одговори: „Не само војничката чест туку и телата земи ни ги; нам не ни е ништо помило и почесно од нашиот Бог Христос“. По ова …

СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (учител на православното тајноводство) – Отец Гаврил (Галев)

Секоја градба се заснова на темели, а за да се изгради, таа се потпира на столбови на кои се држи сето здание. Тие носечки столбови за Православната Црква се Светите Отци. Аголниот  камен е Христос, темелите се апостолите и нивната проповед, а столбовите – Светите Отци и нивните догматски формулации. Светата Црква има повеќе такви столбови, врз чие учење се држи доктрината на нејзината вероисповед, а за свети Григориј Палама …