Вечерна празнична богослужба во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 05. 05. 2017 година, во навечерието на храмовиот празник посветен на свети вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски отслужи Вечерна празнична богослужба. На богослужбата присутвуваше многуброен верен народ.
Божествена литургија во храмот „Свeтa Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 30. 04. 2017 година, во Третата недела на Воскресение (на Мироносиците), кога го празнуваме споменот на светиот свешт. мч. Симеон Персиски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Божествена литургија во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 30. 04. 2017 година, во Третата недела на Воскресение (на Мироносиците), кога го празнуваме споменот на светиот свешт. мч. Симеон Персиски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Божествена литургија во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Мелбурн (Викторија)
На 30. 04. 2017 година, во Третата недела на Воскресение (на Мироносиците), кога го празнуваме споменот на светиот свешт. мч. Симеон Персиски, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Томина недела во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
Осум дена по Твоето Воскресение, Исусе Цару, Единородно Слово на Отецот, им се јави на Твоите ученици, иако вратите беа заклучени, мирот Твој давајчи им го, и на ученикот кој не веруваше му ги покажа раните: Пријди и допри ги рацете и нозете, и Моите нетлени ребра. А тој, откако поверува, Ти викаше: Господ мој и Бог мој, слава Ти. (хвалитна стихира на Утрена на Томина недела) На 23. 04. …