Павловден во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 13. 07. 2017 година, кога го празнуваме споменот на Собор на светите славни и сефални апостоли, блажениот принц Петар и на преп. Георгиј Иверски (Павловден), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше празнична утрена богослужба и Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Петровден во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 12. 07. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светите апостоли Петар и Павле – Петровден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше празнична утрена богослужба и Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Празнична вечерна богослужба во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)
На 11. 07. 2017 година, во предвечерието на големиот празник посветен на светите апостоли Петар и Павле – Петровден, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше празнична вечерна богослужба. На службата присуствуваше побожен народ.
Божествена литургија во храмот „Свeти Никола“ во Перт, (Западна Австралија)
На 09. 07. 2017 година, во 5 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на преподобен Давид, празникот на Тихвинската икона и на иконата Одигитрија, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Денес се приклучи нов член во црковниот хор – Никола Србиновски. Голема благодарност до него.
Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)
На 09. 07. 2017 година, во 5 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на преподобен Давид, празникот на Тихвинската икона и на иконата Одигитрија, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.