Илинден во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 02. 08. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светиот пророк Илија – Илинден и на преподобните 3 Пречистански маченици, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија – со што беше прославен празникот. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

Илинден во храмот „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 02. 08. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светиот пророк Илија – Илинден и на 3 Пречистански маченици, вo црковната општина „Свети Димитриј Солунски“ – Волонгонг, протојереј – ставрофор Љубомир Милошоски во сослужение со старешината на храмот, протојерејот Александар Ивановски  служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.    

Божествена литургија за Илинден во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 02. 08. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светиот пророк Илија – Илинден и на преподобните 3 Пречистански маченици, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Божествена литургија во храмот „Свeта Петка“ во Рокдејл, Сиднеј (Нов Јужен Велс)

На 30. 07. 2017 година,  во 8 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светата вмч-ка Марина (Огнена Марија) и на преподобниот Леонид Устнедумски, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Житие на светата вмч-ка Марина (Огнена Марија) Таа била родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата …

Прославен празникот Илинден во храмот „Свeти Никола“ во Перт, (Западна Австралија)

На 30. 07. 2017 година, во 8 – тата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светата великомаченичка Марина (Огнена Марија) и на преподобниот Леонид Устнедумски, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот протојерејот Станко Јовановски служеше Света Златоустова Литургија – со што започна овогодишната Илинденска прослава. По Литургијата во црковниот двор пред споменикот на паднатите борци беше отслужена панихида за покој на душата на хероите …