ЛИТУРГИЈА И ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХРАМОВИОТ ПРАЗНИК ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА ВО СИДЕНХАМ
На 28. 08. 2024 година, кога го празнуваме празникот на Успението на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, старешината на храмот протојереј – ставрофор Ефтим Бетински во сослужение со отец Гаврил отслужи Света Златоустова Литургија со што беше одбележана храмовата слава. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ЕПИНГ
На 25. 08. 2024 година, во деветта недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите маченици Аникита и Фотиј и на Светиот свештеномаченик Александар, епископ Комански, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
ПРАЗНИКОТ ПРЕОБРАЖЕНИЕ ЛИТУРГИСКИ ПРОСЛАВЕН ВО ВОЛОНГОНГ
На 19. 08. 2024 година, кога го празнуваме празникот на Преображението на Господ Исус Христос на Тавор;, во црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ во Волонгонг, протојерејот Томе Младеновски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Веднаш по Литургијата беше благословен лозовиот плод.
НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА ВО РОКДЕЈЛ
На 18. 08. 2024 година, во осмата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот маченик Евсигниј, Светиот свештеномаченик Фавиј (Фавијан), папа Римски, на Светиот маченик Понтиј и на Света Нона, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
НАЈАВА НА НОВО ПРЕДАВАЊЕ СО ОТЕЦ ГАВРИЛ ВО ЕПИНГ
Оваа среда (14. 08. 2024) во Македонскиот културен центар во Епинг ќе се одржи нов час по веронаука со отец Гаврил (Галев), игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк. На овој час ќе можете слободно да прашате и да добиете одговор од предавачот. Ве очекуваме, сите сте добредојдени!