НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА ВО РОКДЕЈЛ
На 22. 12. 2024 година, во дваесет и шестата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Зачнувањето на Света Ана; Света Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преподобен Стефан Новосјаен и на Свети Софрониј, архиепископ Кипарски, во МПЦО „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. 26 Nedela po Pedesetnica. Vo deneshnoto …
ЧЕСТВУВАЊЕ НА ПРАЗНИКОТ СВЕТИ НИКОЛА И ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХРАМОВАТА СЛАВА ВО ПЕРТ
На 19. 12. 2024 година, кога го празнуваме празникот посветен на Светиот Николај, архиепископот Мириликијски, во МПЦО „Свети Никола“ во Перт, Западна Австралија, старешината на храмот протојерејот-ставрофор о. Станко Јовановски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
СВЕТА ЛИТУРГИЈА ВО ГОЛД КОСТ
На 15. 12. 2024 година, во дваесет и петтата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот пророк Авакум; Светата маченичка Миропија; Преподобен Атанасиј, затворник печерски; Свети Иса, епископ Циклански, во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, јерејот Горан Божиновски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
ЧЕСТВУВАЊЕ НА ПРАЗНИКОТ СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХРАМОВАТА СЛАВА ВО ЕПИНГ
На 09. 12. 2024 година, кога го празнуваме празникот Осветување на црквата на свети Георгиј во Киев, во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, отец Гаврил (Галев) цо сослужение со старешината на храмот јереј Климент Станковски и на свештеници од Руската задгранична црква во Австралија служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата имаше заедничка трпеза.
ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ПРОСЛАВЕН ВО НЕГОВИОТ МАНАСТИР ВО КИНГ ЛЕЈК
На 08. 12. 2024 година, во дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на патронот на МПЦ-ОА, Свети Климент Охридски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија во сослужение со свештенослужители од Руската задгранична црква во Австралија со што беше одбележана манастирската слава. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. …