НЕДЕЛА НА ПРАВОСЛАВИЕТО

Денешниов ден е полн со радост и веселба, зашто блеска светлината на вистинските догмати, и свети Црквата Христова, украсена сега со враќањето на светите икони, и меѓу верниците владее богодостојно едномислие. (Хвалитна стихира на Утрена во Недела од прва седмица на Великиот пост) На 17. 03. 2019 година, во Неделата од првата седмица на Великиот пост – Недела на православието, кога го прославуваме споменот на преподобниот Герасим Јордански и светиот …

ТОДОРОВА САБОТА

Колку се совршени делата на верата! Светиот маченик Теодор, во огнената печка, се радуваше како во води на спокој, зашто, кога во огнот изгоре, како сладок леб на Света Троица ѝ се принесе. По неговите молитви, Христе Боже, спаси ги душите наши. (Тропар на свети Теодор Тирон, глас 2.) На 16. 03. 2019 година, во првата Сабота од Великиот пост, посветена на споменот на светиот великомаченик Теодор Тирон, во храмовите на Австралиско …

МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ СО АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

„Радувај се, Пречиста Владичице, очистилиште на светот. Радувај се, лествице, која со благодатта ги издигнуваш сите од земјата. Радувај се, мосту, кој навистина ги преведуваш од смртта кон животот, сите што тебе ти пеат“ (песна од Канонот на Акатист на Пресвета Богородица) На 15.03.2019 година,во првиот петок од Великиот пост, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, во вечерните часови, беше отслужено Мало повечерие со Првата статија од Акатистот на …

ПРВА СРЕДА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ

На 13. 03. 2019 година, во средата од Првата седмица на Великиот пост, кога гo прославуваме споменот на преподобниот Василиј Исповедник и светиот свештеномаченик Протериј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија, беа отслужени Литургии на претходноосветените дарови, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

НЕДЕЛА СИРОПУСНА (ПРОЧКА)

На 10. 03. 2019 година, кога го прославуваме споменот на светиот Тарасиј Цариградски и преподобниот Пафнутиј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.