ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ПЕРТ

На 08. 12. 2024 година, во дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на светиот Климент Охридски, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, Архиерејскиот заменик, протојереј-ставрофор Станко Јовановски во сослужение на протојереј-ставрофор Милорад од СПЦ служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Dear Believers, On 8th of November 2024, the 24th Sunday after …

ПРАЗНИЧНА ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК

На 07. 12. 2024, во предвечерието на празникот посветен на Свети Климент Охридски, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, отецот Гаврил (Галев) во сослужение на протојереј-ставрофор Ефтим Бетински и на ерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба, со што започна торжественото празнување на манастирската слава. На богослуженито учество зеде мноштво народ.

ЛИТУРГИЈА ЗА ПРЕЧИСТА ВО ЕПИНГ

На 04. 12. 2024 година,  кога го празнуваме празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот – Пречиста, во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ГОЛД КОСТ

На 17. 11. 2024 година,  во дваесет и првата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Преподобен Јоаникиј Велики; Светиот свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и на Ермеј презвитерот, во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, јерејот Горан Божиновски  служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

НЕДЕЛНА ЛИТУРГИЈА ВО ЕПИНГ

На 10. 11. 2024 година, во дваесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светата маченичка Параскева (Петка); Светиот маченик Теренциј; Свети Стефан Саваит; Свети Атанасиј, патријарх Цариградски; Свети Димитриј, епископ Ростовски и на Преподобен Арсениј Кападокиски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.