ПРЕЖДЕОСВЕШТЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ЕПИНГ
На 29. 03. 2024 година, кога Светата Црква ги празнува Светиот апостол Аристовул, Светиот маченик Савин, Светите свештеномаченици Трофин и Тал, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
ПРВА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ, СИДНЕЈ (НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС)
На 24. 03. 2024 година, во Првата недела од Великиот пост – Недела на Православието, кога се празнува споменот на светите Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски; Светиот маченик Пиониј и другите со него; Преподобен Георгиј Синаит, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите …
ТОДОРОВА САБОТА ВО ХРАМОТ „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО БРИЗБЕЈН (КВИНЗЛЕНД)
На 23. 03. 2024 година, кога се празнува празникот Тодорова сабота, во црковната општина „Рождество на Пресвета Богородица“ во Бризбејн, старешината на храмот протојереј Ѓорѓи Митев отслужи Света божествена Литургија. На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.
МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО КАБРАМАТА
На 22.03.2024 година, во првиот петок од Великиот пост, во храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, Сиднеј – Нов Јужен Велс, старешината на храмот, протојерејот Игор Младеновски отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. Храбра наша Војводко победоносна, ние, слуги Твои од зло избавени, песни пофални Ти воспеваме, Богородице: но Ти Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи не, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!
ОДБЕЛЕЖАН СПОМЕНОТ НА СВЕТИТЕ 40 МАЧЕНИЦИ – МЛАДЕНЦИ ВО ЕПИНГ
На 22. 03. 2024 година, во првиот петок од Великиот пост, кога Светата Црква ги празнува Светите четириесет маченици во Севастија – Младенци; Светите славни Четириесет битолски преподобномаченици; Преподобен Филор Исповедник; Свети Кесариј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со …