ТРЕТ АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ПЕРТ / THE THIRD AKATHIST TO THE MOST HOLY THEOTOKOS IN PERTH

Во петокот, на 21 март 2025 г. во третата седмица од Велигденскиот пост, во храмот ,,Свети Никола” во Перт, нашиот парохиски свештеник протоереј-ставрофор отец Станко Јовановски отслужи Мало Повечерие со Акатист – стоечка молитва и химна посветена на Пресвета Богородица. Поголем број на верници присуствуваа на оваа свечена Акатистна служба, кои донесоа петтолебие за благослов. На оваа Акатисна служба упативме молитви кон нашиот Господ Исус Христос и кон Пресветата Владичица …
АКАТИСТ, ПЕТОЛЕБИЕ И МОЛИТВА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

На 21. 03. 2025 година, во третиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, отец Гаврил (Галев) во сослужение на старешината на храмот протојереј-ставрофор Ефтим Бетински отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението беа осветени лебните приноси – петолебија, а свештенството и верните се помолија за блажен покој на душите на трагично загинатите, за утеха на нивните најблиски, како и за …
ВТОРА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО РОКДЕЈЛ

На 16. 03. 2025 година, во Втората недела од Великиот пост – посветена на свети Григориј Палама, Солунскиот чудотворец, кога се празнува споменот на Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск; Света Пијамука Мисирска; Светата непозната девојка, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј, старешината на храмот јерејот Владо Недески отслужи Света божествена Литургија. На Василиевата Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и …
МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И ВТОР АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТИ ГЕОРГИЈ И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЕПИНГ

На 14. 03. 2025 година, во вториот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, игуменот Гаврил (Галев) во сослужение со старешината на храмот, јерејот Климент Станковски отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.
ОДБЕЛЕЖАН СПОМЕНОТ НА СВЕТИОТ АГАТАНГЕЛ БИТОЛСКИ ВО МАНАСТИРОТ ВО КИНГ ЛЕЈК, МЕЛБУРН

Денес кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија го прославува споменот на Светиот Агатангел Битолски во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, во молитвено присуство на игуменот Гаврил (Галев), протојерејот-ставрофор Ефтим Бетински заедно со јерејот Климент Станковски отслужија Преждеосвештена литургија.