Беседа за митарот и фарисејот – Архимандрит Гаврил
А на оние, што беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: Два човека влегоа во храм да се помолат; едниот фарисеј, а другиот митник.Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: »Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митник. Постам двапати во седмицата, давам десеток од сè што придобивам.« А митникот стоеше оддалеку; …
Митарот/The tax collector
Забележуваме неколку восогласени видa покајно однесување кај митарот: „стоеше оддалеку“, „ни очите да ги подигне“, „се удираше в гради“ и „велеше: ’Боже, биди милостив кон мене, грешниот!‘“ (види: Лука 18, 10–14). Што мислите, која од овие силни и заемно поврзани пројави на покајание најмногу ја открива неговата духовна состојба? Аскетскиот плач по Бог, поинаку речено, големиот напор да се принуди себеси на плач, односно удирањето в гради. Тоа е истиот …
Закхеј
Еве еден вечно жив и актуелен евангелски пример како човек, иако имајќи само почетна и несовршена вера, од преголема желба и копнеж да Го види Господ или да провери дали е Он, може да се откаже од својата човечка слава, знаејќи дека со својата постапка ќе изгледа смешен, или дури и споулавен, во очите на целата јавност (види: Лука 19, 1–10). Колкумина од нас се навистина подготвени да се откажат …
Беседа на Богојавлениe
Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух! Прославувајќи го Богојавлението ние се потсетуваме дека Бог им се покажа на луѓето како Троица и дека Исус му се јави на светот како Христос. Каде се јави Христос? Каде го започна Своето дело? Дали отиде во голем град и таму се јави во Својата слава? Или, се качи на висока планина, а многу илјади луѓе стоеја долу и гледаа на …
Обрезание, по срце и уши
За полесно да го сфатиме настанот на обрезанието на Богочовекот Христос, најнапред треба да се потсетиме на две работи. Прво, на зборовите Христови: „Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. Зашто, вистина ви велам, дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè“ …