Велигденско послание – 2018
† СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.[1] Подвигот е Негов, а венците наши.[2] Возљубени празникољупци, …
ОДЛУЧЕТЕ СЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ – ЗА ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО ИЛИ ЗА ЦАРСТВОТО ЗЕМНО! – Митрополит Струмички Наум / MAKE A CHOICE – THE KINGDOM OF HEAVEN OR THE KINGDOM OF EARTH – Metropolitan Naum of Strumica
Зошто истите луѓе што Го внесуваат и дочекуваат во слава Богочовекот Христос во Ерусалим (види: Матеј 21, 1–11), по само неколку денови на најразлични начини се одрекуваат од Него? (види: Лука 23, 1–25). Од истата причина како и ние денес – со таа разлика што за нив има некакво оправдување, а за нас нема никакво. Причината е заробеноста на нашето срце од страстите, поистоветувањето со овосветските форми на самочовечко здружување …
Славете Го Господа – Митрополит Јосиф Тетовско-гостиварски
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! „Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!” (Јован 10,13) Драги браќа и сестри, Со гласно пеење на овие зборови многу деца, возрасни и стари, простирајќи ја својата облека и со палмови гранчиња во рацете, кои се симбол на победата, брзо Го пресретнале и Го прославиле Царот, Кој седејќи на осле, влегол во Ерусалим и го исполнил она што …
Беседа за празникот Цветници
Денес го празнуваме споменот на величественото влегување на Господа во Ерусалим. Тоа е еден од највпечатливите моменти во овоземниот живот на Спасителот. За да можеме поживо да си го претставиме тоа случување и од него да извлечеме поголема поука, мислено да се пренесеме во она време, во оној ден кога тоа се случило. Светиот град Ерусалим се подготувал за големиот празник Пасха. За тој празник во градот доаѓале многу луѓе, …
„Кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга!“- Митрополит Струмички г. Наум /”Whoever among you wants to be greater, shall be servant to all!” – Metropolitan of Strumica Naum
Тогаш пристапија кон Него Заведеевите синови, Јаков и Јован, и рекоа: „Учителе, сакаме да ни направиш она што ќе побараме“. Он ги праша: „Што сакате да ви направам?” А тие Му одговорија: „Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја“. Но Он им рече: „Не знаете што барате“ (Марко 10, 35–38). Навистина не знае што бара некој што превидува дека ако неговото барање се …