Беседа на Богојавлениe
Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух! Прославувајќи го Богојавлението ние се потсетуваме дека Бог им се покажа на луѓето како Троица и дека Исус му се јави на светот како Христос. Каде се јави Христос? Каде го започна Своето дело? Дали отиде во голем град и таму се јави во Својата слава? Или, се качи на висока планина, а многу илјади луѓе стоеја долу и гледаа на …
Обрезание, по срце и уши
За полесно да го сфатиме настанот на обрезанието на Богочовекот Христос, најнапред треба да се потсетиме на две работи. Прво, на зборовите Христови: „Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. Зашто, вистина ви велам, дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè“ …
Слово на Рождество Христово – Свети Амвросиј Медиолански (+397)
Добро ни е познато, колку голема радост настанува и колку многуброен народ се собира во тој ден, кога се празнува родениот ден на земскиот цар. Неговите водачи и началници, а заедно со нив и сите војници се облекле во свечени облеки, препојасани со скапоцени, златно-блескави појаси, обично сите се трудат на тој свечен настан да застанат најубаво облечени пред лицето на својот цар. Бидејќи тие знаат, дека радоста на …
Скриена демонизираност/Hidden demonization
Бесомачениот што Христос го исцели побара да оди по Него, а локалните жители останаа без Него затоа што не Го примија, или поточно, побараа да си оди од нивниот крај. Ова евангелско четиво (види: Лука 8, 26–39) покажува дека бесомачените можат полесно да бидат исцелени, бидејќи тие, потполно обземени од демонот, остануваат без можност слободно да одлучуваат за своето спасение; а оние што мислат дека се свесни и здрави – …
Христовото учење за Божјото царство
Господ Исус Христос го поучувал народот за царството Божјо. Проповедал дека царството Божјо нема ништо заедничко со владеењето на земното царство. Тоа не е од овој свет – не е материјално, туку духовно. Во неговата власт се наоѓаат душите на луѓето, а не материјалните богатства. За остварување на царството Божјо не се потребни ниту пари, ниту скапоцени предмети, ни земја, ни војна, ниту политичка власт над светот. Секое земно царство, …