На 12. 11. 2017, кога Светата Црква го празнува споменот на светиот Зиновиј и сестра му Зиновија; светите апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.
На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни и на отец Гаврил му посака топло добредојде назад во Австралија, по неколку неделната посета на Македонија.
Исто така верниот народ му го честита Архимандритскиот чин на отец Гаврил и му посакаа уште долги години и уште поголеми успеси на нивата Господова.