На 19. 11. 2017, во 24-тата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на светиот Павле Исповедник, патријарх Цариградски и на преподобниот Варлам Хутински, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) отслужи Света Златоустова Литургија.
На Литургијата учество зеде мноштво народ, кој се причести со Светите Христови Тајни.