На 05. 11. 2017 година, во 22-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на светиот апостол Јаков, брат Господов; свети Игнатиј, патријарх Цариградски и светиот маченик Јаков Боровицки, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.