На 15. 10. 2017 година, во 19-тата недела по Педесетница кога го празнуваме споменот на свети Андреј Јуродив; светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина и светите маченици Давид и Константин, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.