На 24. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светите словенски просветители и рамноапостоли, браќата Кирил и Методиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Како рамни по нарав на апостолите и учители на словенските страни, богомудри Кириле и Методиј, молете Го Господарот на сè да ги утврди сите словенски народи во православие и едномислие, да го умири светот и да ги спаси нашите души.