Беседа во неделата на света Марија Египетска – Митрополит г. Тимотеј

In the name of the Father, the Son, and the Holy Spirit.

Dear brothers and sisters,

In today’s Gospel reading, read from the Holy Liturgy, our Saviour Lord Jesus Christ, tells His disciples that suffering is coming upon Him. He will have to contend with condemnation, crucifixion, followed by resurrection on the third day. His disciples show no interest, even less, some kind of compassion for His (impending) suffering. Instead of sympathy, the brothers James and John Zebedee address their Master and ask Him to put them, one on His right, and the other on His left, when He goes “to His glory” (Mark; 10, 37).

These two disciples show one kind of egoism and desire to rule over other people. It is interesting that the Lord Jesus Christ does not condemn their request and their desires, but shows them that He has no power to put them on His left or on His right, but He teaches them by saying, “Who among you wants to be greater, let him be your servant “(Mark 10: 43).

In human nature, the task is set, that is, the aspiration for development and perfection. Often, people determine their dignity and achievement with their position. With the position they would achieve in this world, that is, in the environment where they reside. Therefore, the requirement to take a higher position is dictated by the very nature of the people. But in life, that aspiration often leads the person to perdition. A man who will give himself only to vainglory and loves to be respected, uses all his own powers to stand high above other people. He is struggling to get closer to his superior, that is, to his right or left, but not to the Lord, but to his earthly superior. At first he tries to be only influential, or to make an impact on him, and in time to take his place.

It is astonishing that the Lord Jesus Christ does not condemn His disciples, who have demanded to be higher in the kingdom of heaven. He does not ask them ,why they seek that, when He tells them about His suffering. He does not say, that what they are thinking is wrong and what they are seeking is sin, but He teaches them what it means, for a person to have a high position. His task is to serve other people, that is, to do good deeds for all people around him.

The desire and striving for power and position can be sinful and, literally, destructive to the human soul. The desire will be devastating if it is required only for its personal purpose, there is no difference whether it is for a material, social or political purpose. Therefore, it is a sin for anyone who asks to rule over other people. The free people are obliged to subdue their will, not to other people, but to God. There is a secret in the human authority, which we, to the end, cannot fully comprehend. But there is moral and God’s measurement in that secret. The authority transforms into salvation when it is directed to serve other people. As much as a person rises up the ladder of his service, that is, the authority, that much more internal humility is needed and the use of his position for the good of other people. It can be of political, economic and of another nature. For example, every rich person has some authority. If that authority and wealth are used to show his own strength, power and inhumanity, he loses his soul. But, if he uses his wealth and power to do good deeds and help people, then, he serves both God and people. In other words, wealth itself is not evil, or sin, but the way it is managed and for what purpose it is used.

The authority is not important only in the material world. The authority is also present in the spiritual world, that is, among hierarchs and priests. They have spiritual authority over their faithful spiritual children, and if they use it, or more precisely, if they abuse it, building idols and saints from themselves, they not only harm themselves but also harm their spiritual children. They show by that vainglory and the love of being respected, and in the worst case it also leads into illness, that is, it turns into delusion.

Let’s turn with sincere prayer to our Lord Jesus Christ. May He grant us the strength and wisdom to act properly with the authority given to us and that authority may benefit our souls and our faithful spiritual children and believers. Amen!

 

Fifth Sunday of the Great Lent – Sunday of St. Mary of Egypt

25th of March, 2018

Church of “Dormition of the Most Holy Mother of God – Kamensko” – Ohrid


Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Во денешното Евангелско четиво, прочитано на светата Литургија, нашиот Спасител Господ Исус Христос, на Неговите ученици им кажува дека Му претстои страдање. Му претстои осуда, распнување, но и воскресение во третиот ден. Неговите ученици не покажуваат никаков интерес, уште помалку некакво си сожалување за Неговото страдање. Наместо сожалување, браќата Јаков и Јован Заведееви, се обраќаат кон својот Учител и од Него бараат да ги постави, едниот од десната, а другиот од левата страна, кога ќе отиде „во Неговата слава” (Мк. 10, 37).

Овие двајца ученици покажуваат еден егоизам и желба за владеење над другите луѓе. Интересно е што Господ Исус Христос, нивното барање и нивните желби не ги осудува, туку, им покажува дека Он нема власт да ги постави лево или десно од Себе, туку, ги поучува велејќи им: „Кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга” (Мк. 10, 43).

Во чoвековата природа поставена е задачата, односно стремежот за развивање и совршенство. Често пати луѓето, своето достоинство и постигнувањето, го определуваат со нивната положба. Со положбата којашто ќе ја остварат во овој свет, односно, во средината каде што престојуваат. Затоа, барањето да заземат повисока позиција, ја диктира самата природа на луѓето. Но, во животот, тој стремеж, често пати го води човекот во погибел. Човекот кој ќе се оддаде само на славољубието и честољубието, ги употребува сите сопствени сили да застане високо над другите луѓе. Се бори да се доближи до својот претпоставен, односно до неговата десна или лева страна, но не до Господа, туку, до неговиот земен претпоставен. На почеток се труди да биде само влијателен, или да остварува влијанија врз него, а со време и да го заземе неговото место.

За восхитување е тоа што Господ Исус Христос не ги осудува своите ученици, коишто побарале да бидат повисоко во царството небесно. Он не ги прашува, зошто го бараат тоа, кога Он им зборува за Неговото страдање. Он не вели дека тие мислат погрешно и дека тоа што го бараат е грев, туку, ги поучува што значи тоа човек да има висока положба. Неговата задача е да им служи на другите луѓе, односно, да прави добродетели на сите луѓе околу себе.

Желбата и стремежот за власт и положба може да биде гревовна и, буквално, погубна за човековата душа. Желбата ќе биде погубна ако се бара само за своја лична цел, без разлика дали било тоа во материјална, социјална или политичка цел. Затоа, секој кој бара да господари над други луѓе е грев. Слободните луѓе се должни својата волја да ја потчинуваат, не на други луѓе, туку на Бога. Постои тајна во човековата власт, која ние, до крај, не можеме целосно да ја разбереме. Но, во таа тајна има морално и Божјо мерење. Власта се преобразува во спасение кога таа се насочува кон служење на другите луѓе. Колку еден човек се издигнува по скалилата на својата служба, односно, власта, толку повеќе потребно е внатрешно смирение и употреба на својата положба за доброто на останатите луѓе. Тоа може да биде од политичка, економска и од друга природа. На пример, секој богат човек има некоја власт. Доколку таа власт и тоа богатство, ги ползува за да покаже своја сила, моќ и нечовечност, тој ја губи својата душа. Но, доколку, пак, го користи своето богатство и власт за да прави добри дела и да им помага на луѓето, тој, тогаш, Му служи и на Бога и на луѓето. Со други зборови, самото богатство само по себе не е зло, или, пак, грев, туку, начинот на кој со него се управува и за каква цел истото се ползува.

Власта не е важна само во материјалниот свет. Власта, исто така е присутна и во духовниот свет, односно, кај архиереи и свештеници. Тие имаат духовна власт над своите поверени духовни чеда и доколку истата ја употребуваат, поточно, злоупотребуваат, градејќи од себе идоли и светии, тие не само што си штетат себеси, туку, им штетат и на своите духовни чеда. Со тоа покажуваат славољубие, честољубие, а во краен случај тоа преминува и во болест, односно преминува во прелест.

Да се обратиме со искрен молитва кон нашиот Спасител Господ Исус Христос. Да ни даде сила и разум правилно да постапуваме со власта што ни е дадена и истата да ни биде за корист на нашите души и на поверените ни духовни чеда и верници. Амин!

 

Петта недела од Великиот пост – Недела на св. Марија Египетска

  1. 03. 2018 година

Храм „Успение на Пресвета Богородица – Каменско” – Охрид