На 09. 04. 2018 година (понеделник од Светлата недела Велигден 2 ден), во црковната општина „Свети вмч. Димитриј“ во Волонгонг, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј во сослужение со протојереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, презвитер Роберт Илијевски (старешина на храмот) и со протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците и им го честита празникот.
Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи,
и на тие во гробовите
живот им подари!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!