Света Архиерејска  Литургија во храмот „Свeти пророк Илија“ во Квинбијан (Нов Јужен Велс)

На Твојата Тајна Вечера, денес Сине Божји, прими ме за учесник, зашто нема да ја откријам тајната на Твоите непријатели, ниту целив ќе Ти дадам како Јуда, но како разбојникот Те исповедам: Спомни си за мене, Господи, во Царството Твое…

 

На 05. 04. 2018 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува за Тајната Вечера на Господ Исус Христос со учениците, во црковната општина „Свети пророк Илија“ во Квинбијан, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј во сослужение со протојереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Ѓорѓи Митев (старешина на храмот) и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски служеше вечерна Василиева литургија.

Митрополитот Тимотеј за време на Литургијата се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.

На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.