На 24. 03. 2017 година, во четвртиот петок од Великиот пост, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Акатист кон Пресвета Богородица.
На богослужението учествуваше многуброен народ.
Храбра наша Војводко победоносна, ние, слуги Твои од зло избавени, песни
пофални Ти воспеваме, Богородице: но Ти Која крепост имаш непобедлива, од секоја
беда ослободи не, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!