На 26. 03. 2017 година, во Четвртата Недела од Великиот пост – посветена на свети Јован Лествичник, кога се празнува споменот на Преносот на моштите на свети Никифор Исповедник, патријарх Цариградски; света маченичка Кристина Персијанка; свети свештеномаченик Публиј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Света божествена Литургија.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.