
Со благослов на нашиот надлежен архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот г. Тимотеј во храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг пристигна чудотворната икона на Мајката Божја позната под името „Курска-корен“ икона, која беше пречекана од македонските свештеници и верен народ, како и од Помесните православни цркви. Пред иконата беше отслужен Молебен и акатист.
Радувај се Невесто неневестна!