
На 19. 12. 2024 година, кога го празнуваме празникот посветен на Светиот Николај, архиепископот Мириликијски, во МПЦО „Свети Никола“ во Перт, Западна Австралија, старешината на храмот протојерејот-ставрофор о. Станко Јовановски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.