На 02. 05. 2024 година, во Светиот и Велики четврток од Страсната седмица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јереј Климент Станковски отслужи утрена богослужба со читање на 12 евангелија за Христовите страдања и го изнесе Распетието Христово.
На богослужението учество зеде мноштво верен народ.