ТРЕТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА ВО ГОЛД КОСТ

На 14. 07. 2024 година, во третата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светите врачи Кузман и Дамјан, во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, старешината на храмот јереј Горан Божиновски  служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.