СПОМЕНОТ НА СВЕТИ ФАНУРИЈ ОДБЕЛЕЖАН ВО ЕПИНГ

„Заради овие мои маки, помогни им Господи на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка.“ 

 

На 09. 09. 2024 година, кога го празнуваме празникот на светиот маченик Фануриј, старешината на храмот јереј Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Веднаш по Литургијата беа благословени фануриите.

 

„Спаси ја, Господи, грешната мајка на свети Фануриј, а и мене, грешниот, помогни ми.“