СВЕТА ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА ЗА БЛАЖЕНОУПОКОЕНИОТ МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ

Со заупокоена утринска Света архиерејска литургија што од изутринава се отслужува во Плаошкиот манастир „Свети Пантелејмон и свети Климент“ во Охрид, верниците од Дебарско-кичевската епархија денеска започнаа да се простуваат од упокоениот владика Тимотеј.

Со литургијата чиноначалствуваше викарниот Епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото преосвештенство Епископот антаниски г-дин Партениј во сослужение на бројни свештеници од Епархијата.

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј, кои беа изложени на почетокот на Светата Литургија ќе бидат изложени во храмот на Плаошник за проштално збогум се до крајот на вечерната служба.

Инаку, Митрополитот Тимотеј почина вчера во Скопје, по кусо боледување.