СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА ВО ГОЛД КОСТ

На 17. 11. 2024 година,  во дваесет и првата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Преподобен Јоаникиј Велики; Светиот свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и на Ермеј презвитерот, во црковната општина „Света Недела“ во Голд Кост, јерејот Горан Божиновски  служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.