СВЕТА АРХИЕРЕЈСКА ЗАУПОКОЕНА ЛИТУРГИЈА И 40 ДНЕВЕН ПОМЕН НА БЛАЖЕНОУПОКОЕНИОТ МИТРОПОЛИТ ТИМОТЕЈ НА ПЛАОШНИК ВО ОХРИД

На ден 03. 01. 2025 година кога се навршија 40 дни од блаженото заспивање во Господа на Митрополиот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј во Плаошкиот манастир во Охрид се отслужи Света Архиерејска заупокоена Литургија и 40 дневен помен за покој на душата на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј.

На Светата Архиерејска заупокоена Литургија, молитвено присуствуваше Архиепископот Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана г. г.  Стефан и членови на Синодот.

Со Литургијата чиноначалствуваше викарниот Епископот стобиски г. Јаков во сослужение на повеќемина свештенослужители.

По Литургијата на гробното почивалиште на Митрополитот Тимотеј, Неговото блаженство Архиепископот г. г. Стефан отслужи Помен во молитвено сеќавање и се обрати пред присутните.

Нека е вечен споменот на нашиот сакан и секогаш почитувани Митрополит Тимотеј.