На 24. 03. 2024 година, во Првата недела од Великиот пост – Недела на Православието, кога се празнува споменот на светите Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски; Светиот маченик Пиониј и другите со него; Преподобен Георгиј Синаит, во црковната општина „Света Петка“ во Рокдејл, старешината на храмот јереј Владо Недески отслужи Света Божествена Литургија.
На Литургијата, учество зеде мноштво верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.