ПРАЗНИКОТ ПРЕНОС НА МОШТИТЕ НА СВЕТИ НИКОЛА ЛИТУРГИСКИ ПРОСЛАВЕН ВО ЕПИНГ

На 22. 05. 2024 година,  кога Светата црква го празнува споменот на Светиот пророк Исаија, Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски и споменот на Светиот маченик Христифор, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.