
На ден 30 март (недела) 2025 година пред споменикот на Гоце Делчев во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг за време на донаторската акција за настраданите во Кочанската трагедија, која беше организирана од повеќе македонски друштва од Викторија, македонското свештенство при Австралиско-сиднејската епархија отслужи помен за покој на душите на сите трагично упокоени Божји чеда.