
На 22. 03. 2024 година, во првиот петок од Великиот пост, кога Светата Црква ги празнува Светите четириесет маченици во Севастија – Младенци; Светите славни Четириесет битолски преподобномаченици; Преподобен Филор Исповедник; Свети Кесариј, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот јерејот Климент Станковски отслужи Литургија на претходноосветени дарови.
На Литургијата, учество зеде верен народ, кој му се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христовите Тајни.