МОЛЕБЕН НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ СОЛУНСКИ

На 24.05.2024 година, денот кога ги прославуваме македонските и сесловенски просветители светите солунски браќа Кирил и Методиј, во базиликата „Св. Климент Папа Римски“ во Рим, каде што почиваат светите мошти на светиот Кирил Солунски, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на светиот Кирил“ беше отслужен Молебен во чест на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Кирил Павлески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

На Молебенот присуствуваше делегацијата предводена од Претседателот на Македонија г-ѓа Гордана Силјаноска Давкова, како и многубројни гости.

По завршувањето на Молебенот, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа.