МАЛО ПОВЕЧЕРИЕ И АКАТИСТ ВО ХРАМОТ „СВЕТИ НИКОЛА“ ВО КАБРАМАТА

На 22.03.2024 година, во првиот петок од Великиот пост, во храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, Сиднеј – Нов Јужен Велс, старешината на храмот, протојерејот Игор Младеновски отслужи Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.

Храбра наша Војводко победоносна, ние, слуги Твои од зло избавени, песни 
пофални Ти воспеваме, Богородице: но Ти Која крепост имаш непобедлива, од секоја
 
беда
 ослободи не, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!