ИМЕНДЕНСКА ЧЕСТИТКА ОД ИМЕ НА ЕПАРХИЈАТА ДО АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г. Г. СТЕФАН

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

АВСТРАЛИСКО – СИДНЕЈСКА ЕПАРХИЈА

 

До:

АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ И НА ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА

Г . Г. СТЕФАН

АДМИНИСТРАТОР НА АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКАТА ЕПАРХИЈА

 

„Така треба да  свети пред луѓето и вашата светлина за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата“.

(Матеј 5,16)

 

 

Ваше Блаженство,

ја имамe особената чест да Ви се обратиме со следнaтa:

 

Ч Е С Т И Т К А ПО ПОВОД ВАШИОТ ИМЕНДЕН

 

 

Благословете почитуван Архиепископе и дозволете да Ви се обратиме со оваа скромна честитка по повод Вашиот именден, од името на сите членовите на нашата богомдарувана Австралиско – сиднејска православна епархија, со која моментално Вие администрирате и управувате како наш духовен татко и предводник во верата.

Со голема празнична радост Ви ги пренесуваме многубројните честитки од: Епархискиот управен одбор (ЕУО); Епархискиот црковно-просветен совет (ЕЦПС); Македонската православна младина на Австралија (МОYA), Одборите на храмовите низ епархијата и секако честитките од чесното свештенство и сиот верен народ.

Сите ние, собрани во единство и едномислие од најдалечниот Австралиски континент, Ви го честитаме Вашиот именден и чествувајќи го Вашиот закрилник пред Господа, светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Го молиме Троедниот Бог – да Ве дарува со долголетие, крепко здравје, татковска љубов, сила и мудрост за правилно да раководите со нашата најсвета МПЦ-ОА и да зрачите по примерот и ревноста на светиот архиѓакон Стефан, кој својот живот маченички го даде за Светата Црква.

 

НА МНОГАЈА И БЛАГАЈА  ЛЕТААА, БЛАЖЕНЕЈШИ ВЛАДИКО!!!

 

Просејќи архипастирски благослов, ја целиваме Вашата света десница, замолувајќи Ве да го примите изразот на нашето високо почитување.

 

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

 

 

 

 

                                                           Од името на сите членови на Австралиско-сиднејската епархија:

Управата, телата и органите, одборите и

секако од чесното свештенство и верниот народ

 

Во Сиднеј – Викторија,

  1. 01. 2025 година