
Лебот е најдрагоцен дар на олтарот.
Со нив треба да се приложи и лист со испишани имиња на живите членови на фамилијата за да ги спомне свештеникот на богослужбата. Лебот не е скап артикал, но е од непроценлива вредност штом ќе стигне до светиот олтар. Нема поголема чест ниту привилегија зa домаќинката со своите сопствени раце да замеси пет лепчиња кои на Светата богослужба ќе ce осветат и благословат.
Само на црковното членство му припаѓа тоа право да ги подготви и да ги принесе. Затоа наша света должност е верните да ги учиме, советуваме и подготвуваме како да ги подготват и да ги принесат како дар на свет олтар. Црковното членство не смее да го изгуби чувството и обврската да дарува петолебие во својата црква.
Верните не треба да се пасивни посматрачи, туку треба активно да учевствуваат и да се молат во нив. Амин.