
Петолебието е кратка служба на благодарност, преку која ја изразуваме нашата благодарност кон Бога за сите благослови во животот.
Маслото, виното, пченицата и лебовите што се употребуваат во службата ги претставуваат најосновните елементи неопходни за живот.
Ова благословување не потсетува на чудото на умножување на петте леба и двете риби од страна на Господа Исуса Христа, со кои нахранил пет илиади луѓе во пустината јорданска.
Ова благословување обично се извршува за време на празнично вечерно богослужение и други посебни пригоди.
По службата, лебовите се разделуваат меѓу присутните верници. Овој благословен леб помага против секакво зло, доколку се прима со вера.
Оваа служба традиционално се извршува во петоците на вечерна богослужба Акатист во првите пет седмици од Великиот пост.