ДАЛИ ПРАВОСЛАВИЕТО Е СЕУШТЕ РЕЛЕВАНТНО ДЕНЕС?

Дали Православието е сеуште релевантно денес?

 

Ние Христијаните базирани на библиското учење исповедаме дека човекот е словесно битие создаден според образот и подобието Божјо. Тоа значи дека не само што е словесно битие, туку неговото потекло е Божествено, а неговото назначение, односно целта на неговото постоење е да се вподоби на Бога, т.е. да се обожи. Според тоа, животот човечки е возвишен и има висока смисла.

Меѓутоа како последица на гревот на нашите прародители Адам и Ева, човекот не само што не живее Божествен, возвишен живот, туку е толку понижен и паднат на нивото на бесловесните животни. Неговиот живот постанува плотски, заробен од страстите и неговата цел овоземска во задоволување на страстите. Денес дури бесловесните животни живеат подостоинствено од луѓето и често може да се поучиме од нив.

Но како и да е состојбата денес, сепак човекот е човек и треба да се стреми кон неговата вистинска цел (смисла). Нашата цел (смисла) и нашиот стремеж во овој живот е да станеме слични на Христос. Затоа и Светите Отци ќе речат дека “Бог стана човек, за човекот да стане Бог по благодат”. Христос затоа и се вочовечи, да ја подигне нашата падната природа и да го покаже човекот каков што треба да биде. Според тоа Христос е центарот и критериум на нашиот животот и се во животот е Христоцентрично. Тоа значи дека треба да се стремиме кон Христос зашто само Он е патот, животот и вистината и не постои друг пат, живот и вистина надвор од Христос.

Човештвото бележи големи личности, што ние ги нарекуваме светители и кои што се прославиле со својот начин на живеење и кои што помогнале и другите да се подигнат на тоа ниво или приближно на нив. Да не ги набројуваме светите Пророци и Апостоли, проповедници, маченици, исповедници, преподобни. Сите тие оставиле неизбришлива трага во историјата, не само на христијантвото, туку и на целата цивилизацијата, а кои што денешната наука и не ги споменува.

 

Eтапно откажување од Христос

 

Историски набљудувано може да забележиме како човештвото етапно се откажува од Христос и постепено се губи нивото на општествена етика на живеење. Почеток на таа надолнина ја наоѓаме во големата скихзма од XI от век, во отцепувањето на западната христијанство од Православието и нивните иновации подоцна. Како последница на тоа се појаваува протестантизмот и бунтовнички идеи на Лутер, кој наместо да се врати на корените измислува нов правец во христијанството, новотарии од кои што денес среќаваме илјадници реформаторски деноминаци и секоја за себе вели дека ја поседува вистината.

Не многу потоа теологијата, која што треба да извира од исчистеното срце од опитната заедницата со живиот Бог, почнува се повеќе се потпира на паднатиот разум на човештвото во школските установи на схоластицизмот. Откако ја изгуби заедницата со Бог и вистинската опитна теологија, човекиот ум почнува да се заблудува и вистината и почнува да ја бара надвор од Бог, односно надвор од  Црквата, со тоа и надвор од Вистината. Се појавува нова философија на човекот и место вистинските лидери, вистинските примери ги заменува со лажни. Се јавуваат острастени, гревовни луѓе кои што стануваат авторитет и критериум за вистината. Луѓе на кои темнината им е светлина. На тој начин се изгуби човековата единствена цел, да се стреми кон Бог. Човештвото го загуби фокусот и се престрои на големото беспаќие на широкиот пат на овој свет и ќорсокакот во кој што овој води никаде.

Со појавата на движењето на ренесансата и хуманизмот започнува периодот на пpодирањето на секуларното во сакралното и обид тоа да биде сменето. Полека се истиснува Бог од центарот и наместо Него, човекот станува центар на настаните. Во школите и универзитетите се воведува световна настава. Своеволнието и сладострастието постануваат етика на живеење.

Овој процес на оттуѓување од Бог продолжува со влијанието на францускиот философ и математичар Рене Декарт. Тој прави конечен раскин со схоластичкиот теоцентричен поглед на светот, за потполно да се потпре на човечкиот (паднат и помрачен) разум. Тој се смета за креатор на модерната филозофија и го почнува катастрофалниот пресврт во современата општествена мисла наназад.

Во минатиот век, земјите од Источна Европа (најчесто православните) го прифатија марксистичкото учење чија идеологија и општествено уредување се засноваа на материјализмот и атеизмот.

Под изговор за правата на послабите и рамноправноста, се протура идејата дека религијата (поточно христијанството и пред се православието) е најсериозна непријател и “опиум” за народот и како таква мора да се уништи. Во веќе цивилизираниот XX век се спроведува последното и едно од најстрашните гонења на Црквата и христијанството во кое на најсвиреп начин беа убиени милиони христијани, посебно монаси и клирици.

Отворениот напад врз религијата и христијанството ја продолжува уште еден  германски филозоф Фридрих Ниче (1844 – 1900), кој се смета за еден од највлијателните филозофи на сите модерни мислители. Неговата апостасна мисла оди до таму да го прогласи Бога за мртов, за да човекот со својата волја за моќ да постане надчовек, човекобог, спротивно на Богочовек.

За него нема една Вистина туку секој човек има своја вистина. Тој е противник на моралните норми и го подржува индивидуалистичкиот самодоволен живот во уживање на нагоните и страстите. Тој е застапник на нихилизмот според кој  животот нема смисла, туку е обично циклично движење во постојана борба во која што победуваат посилните. Нихилизам е применет атеизам. Ако нема Бог, ако нема  бесмртност нема ни доблести и во тој случај се е дозволено.

На овој пат на расчовечување на човекот кој продолжува да го трасира патот на апостасијата и пропаста на човештвото, би го додале уште и психологот и основател на длавинската психоанализа и со него би завршиле, австриецот Зигмунд Фројд (1856-1939). Целата негова теорија за човештвото ја заснова на сексуалните нагони и несвесното во човекот и развива модел на психичка структура која се состои од ид, его и супер-его.

Исто така и Мартин Хајдегер (1889–1976), Жан Пол Сартар (1905–1980) продолжуваат по патеките на Ниче и ја развиват филозофијата на т. н. егзистенцијализам. Според нив на животот му недостасува однапред одредена цел и универзумот е природно/својствено бесмислен. Понатака, Албер Ками (1913–1960) промовира идеја дека животот е апсурден  и самоубиството го гледа како ослободување.

Во дешешното време на постмодернизмот, со негирањето на објективната вистина и светската култура според која сè е релативно и субјективно, се отвора вратата за иднината на „Воук“ движењето, кое ќе ја избрише секоја категорија и норма.

 

Сега да одговориме на прашањето на нашата тема, дали Православието е уште релевантнo и во денешните денови.

 

Исус Христос е ист вчера, денес и утре. Он е алфа и омега, почетокот и крајот. Он Е, предвечниот и секогаш ќе постои. Он е глава на Црквата, а Црквата е Негово тело. Тој е кормиларот на Црквата која што ветровите, искушенијата световни ја плискаат, меѓутоа таа ќе остане до крајот на вековите и вратите на пеколот нема да ја разнишаат. Секој што е крстен и исповеда православна вера и живее православно, станува здрав член на Црквата и совечен со Христос. Проблемот во денешното време не е во Христос, не е Христијанството, не е Црквата. Христос е истиот и Црквата е истата, а тој што е сменет е човекот. Црквата ја нема изгубено благодата и дејствието на Светиот Дух, но бидејки Бог е љубов и ја почитува потполната слобода на човекот, кој самиот се откажал од Бог, следствено се лишил од таа сила и станал немоќен и смртен. Откажувајќи се од вечноста, се приврзуваме кон распадливоста, кон минливоста, кон гревот, смртта и распаѓањето.

Христос никогаш не не напуштил и нема да не напушти и во ова време не се откажува од нас. И во наше време се јавуваат светители кои што сведочат за вистинитоста на Христијанството на Православната Црква, православната вера. Не толку бројни како во минатото, но сепак ги има. Ќе ги издвоиме, Свети Серафим Саровски, преподобниот баќушка чиј лик бил озарен со светлината на благодатта на Светиот Дух и за кого секој друг лик бил извор на воскресенска радост. Свети Јован Кронштадски кој што обратува и враќа во Црквата мноштво народ инфициран од заразата на западното неверие и опаднат морализам. На света Гора Атонска се издвојува еден прост монах Свети Јосиф Исихаст кој што го обновува монаштвото на Света Гора и не само на Света Гора туку и пошироко во православнието, дури и преку Свети Ефрем Филотејски и Аризонски во Америка. Во тој список може да го вброиме и нашиот Гаврил Светогорец еп Велички, голем испосник и молитвник, кој со својот живот и со силата на молитвата достигнува степен на чудотворност и го одржувал својот народ да не пропадне потполно во апостасијата на атеизмот во тоа време. Корисно за нас е да ги спомнеме преподобниот отец Јустин Поповиќ Ќелиски и блажниот Серафим Роуз кои храбро, отворено, вдахновено и длабоко православно и пишуваат за овие теми. Секако дека има и многу други за кои заради очраниченоата со времето неможе да ги спомнеме.

Денес животниот стил се менува. Човештвото барајќи ја слободата, се повеќе станува по не слободен. Се ослободи од Бог, Кој е добар и извор на секое добро, ама затоа стана роб на гревот и Сатаната кој е извор на секое зло.

 

Каде е клучот на сите проблеми?

 

Гревот. Главната човекова страст е себељубието. Таа самата по себе е поделена на три главни подстрасти: славољубие, сластољубие, и среброљубие. Гордоста, суетата и високото мислење за себе е најголемиот грев.

Сите филозофии, социлајни движења и религии го занебегруваат гревот и оној што стои зад гревот, затоа не можам да го решат проблемот на човекот и смртта. Сакале или не, признавале или непризнавале, гревот, а преку него и смртта, постојат и се влезени во човештвото и целосно го имаат инфицирано, заразено.

Покајанието е освестување на нашата падната горда човечка природа и тоа ни е најпотребно денес. Освестување дека сме на пат спротивно од вистината, од животот, од Христос и сакаме да се вратеме. Аскетско – исихастчкиот подвиг потркрепен со светотаискиот ефхаристиски живот во Црквата го очистува срцето од страстите и го враќа човекот кон Бог. Покајанието и очистувањето на срцето од страстите бара напор, труд,  борба, лишување, подвиг. Едноставно нема победа без борба. Само така живеејќи можеме да кажеме дека сме го осмислиле нашиот живот и сме луѓе според вистинското прозваните како што треба да бидеме.

 

Која е слабоста на сите овие световни лидери и нивните мудрувања?

 

Ниеден овие големи умови и нивните мудрувања и движења немат решение и не дале одговор како да ја победат смртта. Сите тие умреле, а многумина од нив и на страшен начин. Само Христос дава одговар како да се победи смртта и само Христос ја победи смртта и затоа јас избирам да го следам само Христос.

Како заклучок, ќе ги искористам зборовите на познатиот руски писател Фјодор Достоевски, кој и самиот, по многу маки со овие тешки и проклети прашања за конечно да се одлучи и да се исповеда од длабочините на своето страдално срце, ќе рече:

„Водлабочете се во Православието, само во него е образот Христов. Во сета своја чистота, ликот Христов е зачуван во Православието. Нема ништо попрекрасно, подлабоко, посочувствително, поразумно, почовечко и посовршено од Христос. Кога некој би можел да докаже дека Христос е надвор од вистината и ако вистината навистина го исклучила Христос, јас би претпоставува дека ќе остане со Христос“.

 

Отец Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија

16 / 10 / 2024