
На 16. 06. 2024 година, во 7-тата Недела по Воскресение (на Светите Отци на I Вселенски собор ), кога го празнуваме споменот на светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула, на светиот свештеномаченик Лукијан и на светиот маченик Димитриј, принц руски, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.