БЕСЕДА ЗА ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО – ОТЕЦ ГАВРИЛ (ГАЛЕВ)

На овој ден светата Православна Црква го слави споменот на светото Христово Преображние на гората Тавор пред очите на апостолате кое во суштина е и нивно преображение. Имено, тој настанот од Светото Евангелие во кој се опишува како Господ пред да појде на своето славно страдание, се искачил сам на гората, а со себе ги зел Петра, Јакова и Јована, и се молел цела вечер сам. Потоа се преобразил, Неговото лице, та дури и Неговата облека, биле посјајни од денот и од сонцето. Тогаш Бог им ги отвара духовние очи на умот на Петар, Јаков и Јован и ги преобразил за да можат да ја видат делумно славата Божја и неможејќи да ја поднесат Христовата Божествена слава се исплашиле и паднале долу на земјата. На настанот се јавиле и Мојсеј и Илија, меѓусебно разговарајќи за настаните кои требало да се случат.

Овој настан Господ Исус Христос го покажал за да ги утврди своите ученици, да го утврди сето човештво до ден денес, дека тој е вистински Бог Кој од предвечност е роден од Отецот и во времето се роди од Марија Дева и прими човечко тело и стана Човек, совршен Бог и совршен Човек. Неговото човечко тело како параван, како завеса го криеше неговото Божество и затоа ние, луѓето, можевме да разговараме и да се дружиме со Него како со човек. Меѓутоа, позади неговото човечко тело се криеше Неговото Божество и кога настана преобразениети, всушност во Него не настана никаква промена туку во тој момент само им се овозможи на апостолите да го видат Неговото Божество.

Преку преобразението Господ ни покажа дека настаните кои што следат страданието, Крстот, слегнувањето во адот и воскресението се реални и вистинити и дека се од Бога предвидени за нашето спасение. Господ ги избра овие тројца апостоли за да бидат сведоци на неговото Божество и да сведочат за Него И преку нивното сведоштво ние да поверуваме дека Христос е вистинскиот Бог и нашиот Спасител.

Тројцата биле избрани заради тоа што биле за малку поревносни и поподготвени од другите, и од друга причина што со апостолате, бил Јуда, кој што бил неподобен да учествува на тој настан, па Господ за да не го остави сам и да не се посомнева и подоцна да не се оправда за своето предавство, ги остава и останатите апостоли со него. Ги избира само Јаков, Јован и Петар, и како праобразба на трите добродетели – верата, надежта и љубовта. Петар ја претставува верата, Јаков надежта, а Јован љубовта.

Понатаму се вели дека Мојсеј и Илија биле со Него разговарајки за Неговото Божество и настаните што ќе дојдат и дека ова што сега се случува е претскажано од пророците уште пред многу векови. Мојсеј е претставник на законот, Илија на пророците, Мојсеј е претставник од мртвите, а Илија кој што бил жив однесен на небото е претставник на небесата. Значи, целата творевина сведочи за овој настан и за Божеството Христово и за воскресението Негово подоцна што ќе дојде.

Со овој настан Госпоид ни ја отрил и тајната на Црквата како заедница. Нејзиниот вечен карактер и неограниченост. Се во животот, или попрецизно, во Црквата е христоцентрично, Христос е глава на Црква, а околу Христос се собрани сите заедно, живи и упокоени.

И како што Господ се искачи на гората Тавор, така и ние треба да се искачуваме на  гората на нашето срце, односно да внимаваме над нашето срце и преку стекнување на добродетелите да го оставиме метежот на страстите на овој свет. Пред се, творејќи ги овие главни три добродетели – верата, надежта и љубовта. Преку тоа ние полека си ги чистиме своите срца од страстите, се чистиме од гревот, од неверието, сомнежот, гневот, нељубовта, омразата и се просветлуваме, на тој начин и се просветлуваме и нашето срце го ослободуваме, а нашиот ум го просветлуваме и целите се преобразуваме. Така се удостојуваме да партиципираме и можеме да учестуваме, и ја примаме таа благодат Божја и да бидеме учесници во Божјата природа, богови по благодат. Своевремено во вториот век, а подоцна и во третиот, прво св Иринеј Лионски,, а подоцна и св Атанасиј Алаександриски ќе речат: Бог стана човек, за човекот да стане бог.

Во тринаесетиот век едни западни теолози монаси Варлаам и Акиндин, кои што погрешно ја сфаќале верата, рационализирајќи ја и давајки му повеке значение на разумното отколку на духовното, не можеле да сфатат дека Божествените енергии се нетварни, несоздадени,  и затоа се појавила ереста која во тоа време се раширила и преставувала сериозна закана за Православието и православната аскеза и духовност. Тие тврделе дека Божествените енергии се творби Божји, дека не се Негова природа и дека ние не можеме да бидеме учесници и приматели на тие Божествени енергии.

Тука како најголем ревнител и бранител на православната вера се јавува св. Григориј Палама, кој се смета како богослов на богословите и најголем меѓу богословите. Тој ја систематизирал целата теологија до тогаш и ги напишал трите слова  во одбрана на исихастите, во кои се пишува дека исихазмот, односно молитвено тихување, подвигот на аксезата, е потребно за нас, затоа што на тој начин го чистиме своето срце од страстите и го просветлуваме умот, кој што молитвено се спушта во срцето како во своја суштина и дом и преку нетварната Божествена благодат целата наша личност се обожува.

Ако сме вистински ученици Христови, ако сме вистински христијани, треба да живееме вистински христијански живот и треба вистински да Го слушаме, и љубиме, односно да веруваме во Бога. Преку исполнувањето на Неговите заповеди да Го исповедаме, и на тој начин ќе ја оствариме Неговата промисла за нас и нашето назначение да бидеме синови Божји, богови по благодат. Амин