Во Сабота, 14 Декември 2024, делегати од Македонската Православна Младина од Нов Јужен Велс, Австралија беа на прием кај Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а воедно и Администратор на Австралиско – Сиднејската Епархија.
Претседателот на Македонската Православна Младнина од Нов Јужен Велс, Јаков Талески, заедно со неговата сопргуа, Мерна, која исто така е член на извршниот комитет, и нивната ќерка Анисија, го посетија Неговото Блаженство Архиепископот Стефан во неговата резиденција во Скопје, Македонија.
Делегатите имаа можност да го запознат Архиепископот со младинската мисија, активностите на групата од нивниот почеток, и идните планови за понатамошен развој.
Како што ни е пренесено од делегатите, Блажењејшиот Архиепископ со радост ги примил, и со Архиепископски благослов ги охрабрил да продолжат со ова значајно дело за Македонската Православна Црква на Австралискиот континент. Блажењејшиот Архиeпискoп го пренел својот поздрав, грижа и татковска љубов до Македонската Православна Младина од Нов Јужен Велс, Австралија.
Aктивностите на Македонската Православна Младина од Нов Јужен Велс можат да се следат на нивниот Инстаграм и Фејсбук профил.
Archbishop’s blessing for the Macedonian Orthodox Youth
of New South Wales, Australia
On Saturday, 14th December 2024, delegates from the Macedonian Orthodox Youth of New South Wales, Australia were received by the Archbishop of Ohrid and Macedonia, His Beatitude Stefan, who is also the Administrator of the Australian – Sydney Diocese.
The President of the Macedonian Orthodox Youth of New South Wales, Jacob Taleski, together with his wife, Merna, also a member of the executive committee, and their daughter Anisia, visited His Beatitude Archbishop Stefan at his residence in Skopje, Macedonia.
The delegates had the opportunity to familiarise the Archbishop with the youth mission, the activities of the group since their inception, and future plans.
As conveyed to us by the delegates, His Beatitude joyfully received them, and with his blessing encouraged them to continue this significant endeavour for the Macedonian Orthodox Church on the Australian continent. His Beatitude conveyed his greetings, prayers аnd fatherly love for the Macedonian Orthodox Youth of NSW, Australia.
Macedonian Orthodox Youth of NSW can be followed on their Instagram and Facebook profiles.