
Во понеделникот на 16 септември 2024 година во МПЦО „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј се одржа исклучителен и благодатен настан со доаѓањето на Чудотворниот крст, кој се наоѓа во Српската православна црква „Свети архангел Михаил“ во Хомебуш. Голема благодарност до отец Веселин Шворцан и неговите парохјани за можноста светиот Мироточив крст да ја посети нашата македонска црква и да отслужиме акатист пред него.
После акатистот големо мноштво на верници се поклонија пред Чудотворниот крст, а потоа отец Веселин одржа предавање за младите во црковната сала.