
На 09.11.2023 година, во просториите на културниот центар при црквата “Св. вмч, Димитриј Солунски” во Волонгонг, Австралија, беше одржано редовното Епархиско собрание на Австралиско-сиднејската епархија. На собранието, според дневниот ред, Митрополитот Тимотеј даде извештај за изминатите години од 2019 до 2023 година, потоа беше разгледан и прифатен финансискиот извештај на Епархијата, беа избрани нови членови на телата и органите на Епархијата, а беа разгледани и повеќе прашања од животот на Епархијата.